• понеделник, 30 март 2026

Обвинителство: Заврши увидот во Росоман каде син уби мајка, издадена наредба за обдукција

Обвинителство: Заврши увидот во Росоман каде син уби мајка, издадена наредба за обдукција

Росоман, 30 март 2026 (МИА) - Заврши увидот во Росоман каде син уби мајка, издадена е наредба за обдукција, информираат од Обвинителството за МИА. 

- Увидот е завршен, издадена е наредба за обдукција и други дејствија што треба да се преземат. Во текот на денот се  очекува информација за натамошниот тек на постапката, соопштија од Обвинителството. 

Како што соопштија претходно од МВР, приведен е 27-годишен жител на Росоман кој изутрината со остар предмет ја убил неговата мајка, следува пријава. 

- На 30.03.2026, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишија од слобода И.Р.(27) од Росоман. Во СВР Велес тој сам пријавил дека утрово околу 07:30 часот во семејниот дом со употреба на остар предмет и нанел убодни рани на неговата 54-годишна мајка, која од здобиените повреди починала. Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Кавадарци, соопштија од МВР.

Увид на местото на настанот извршија  јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци и екипа од ОВР Кавадарци. свд/са/


Фото: МИА архива 

 

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан