Обвинителите издадоа налог за апсење на поранешниот претседател на Боливија, Ево Моралес
- Обвинители издадоа налог за апсење на поранешниот боливиски претседател Ево Моралес поради наводна врска со малолетничка.
Ла Паз, 18 декември 2024 (МИА) - Обвинители издадоа налог за апсење на поранешниот боливиски претседател Ево Моралес поради наводна врска со малолетничка.
Моралес (65) тврди дека обвинението против него е „стратегија за блокирање на неговата претседателска кандидатура“ во 2025 година и дека тој е жртва на „брутална судска војна“ организирана од актуелниот претседател Луис Арсе, објави Гардијан.
Јавниот обвинител во понеделникот откри дека налогот за апсење на Моралес е активен од октомври и важи шест месеци. мс/
фото: МИА архива