• понеделник, 18 ноември 2024

Обвинетите за убиство на ракометарот Тот жалат за немилиот настан, пресудата ќе биде објавена на 30 ноември

Обвинетите за убиство на ракометарот Тот жалат за немилиот настан, пресудата ќе биде објавена на 30 ноември
Скопје, 21 ноември 2022 (МИА) - Барам од судот да ме казни за она што реално сум го направил, а тоа, според мене, мислам дека и според многу други, секако не е убиство со умисла, изјави обвинетиот Анџело Ѓоргиевски, во своите завршни зборови за случајот со убиството на хрватскиот ракометар, Денис Тот. Обвинетиот Ѓоргиевски рече дека во ниеден момент не сакал да го повреди, или како било да му наштети на сега починатиот Денис Тот. - Воедно, сакам да кажам дека изразувам искрено жалење и жалам за овој немил настан и за сето тоа што се случи, жалам и за загубениот човечки живот. Сакам уште еднаш да потенцирам дека мојата реакција беше во состојба на афект и од страв. Ниту сакав, ниту би го повредил сега починатиот Денис Тот, рече тој. Обвинетата Клементина изјави дека останува во целост со завршните зборови на нејзините адвокати и рече дека ѝ е жал за случајот, за кој, како што рече, „во никој случај не сакав да се случи тоа“. „Многу ми е жал и многу ми е криво за немилиот настан што се случи“, рече обвинетиот Андреј Костовски кој како олеснителна околност го посочи фактот што самиот се пријавил во полициската станица за расветлување на случајот. Ослободителна пресуда денеска побараа и бранителите на обвинетите, додека, јавната обвинителка Тања Трајчевска побара осудителна пресуда. Процесот го води судијката Елена Илиевска Јосифовиќ. Пресудата ќе биде објавена на 30 ноември. ар/нд/

Остани поврзан