• недела, 22 декември 2024

Обамејанг разочаран од одлуката на Челзи да не го стави на списокот за ЛШ и може да го напушти клубот

Обамејанг разочаран од одлуката на Челзи да не го стави на списокот за ЛШ и може да го напушти клубот

Лондон, 4 февруари 2023 (МИА) - Напаѓачот на Челзи, Пјер-Емерик Обамејанг, си замина од Лондон откако дозна дека клубот не го ставил на списокот за натпреварите во Лигата на шампионите.

Според „Телеграф“, 33-годишниот Габонец замина во Милано. Фудбалерот е разочаран од одлуката на управата на клубот и е сигурен дека „Сините“ сакаат да се ослободат од него. Играчот реши да помине малку време со семејството и да размисли за својата иднина.

Обамејанг му се приклучи на Челзи од Барселона во летото 2022 година. Во сезоната 2022/23, напаѓачот постигна три гола и направи една асистенција на 17 натпревари за лондонскиот тим.

Порталот „Transfermarkt.com“ ја проценува вредноста на играчот на 12 милиони евра. зс/

Остани поврзан