Обамејанг и Марсеј договорија соработка до 2026 година
- Пјер-Емерик Обамејанг се согласи на преселба во Марсеј. Според инсајдерот Фабрицио Романо, страните се договориле да склучат договор до 2026 година.

Марсеј, 18 јули 2023 (МИА) - Пјер-Емерик Обамејанг се согласи на преселба во Марсеј. Според инсајдерот Фабрицио Романо, страните се договориле да склучат договор до 2026 година.
Францускиот клуб е во преговори со Челзи и се очекува да нема проблеми околу зделката.
Напаѓачот на репрезентацијата на Габон одигра 15 натпревари во Премиер лигата во сезоната 2022/23 и постигна еден гол. зс/
Фото: ЕПА