Обамејанг би можел да го напушти францускиот шампионат поради клуб од Саудиска Арабија
- Фудбалерот на Марсеј, Пјер-Емерик Обамејанг би можел да стане играч на клуб од Саудиска Арабија, објави инсајдерот Бен Џејкобс.

Париз, 22 јуни 2024 (МИА) – Фудбалерот на Марсеј, Пјер-Емерик Обамејанг би можел да стане играч на клуб од Саудиска Арабија, објави инсајдерот Бен Џејкобс.
Според Џејкобс, Ал Шабаб е заинтересиран за фудбалерот. Обамејанг е приоритетна цел на клубот пред почетокот на сезоната. Наскоро се очекува страните да разговараат.
Минатата сезона во францускиот шампионат, Обамејанг одигра 34 натпревари на кои постигна 16 гола и имаше осум асистенции. зс/
Фото: ЕПА