Обама позитивен на Ковид-19
- Информацијата во текот на вчерашниот ден ја потврди самиот Обама, додавајќи, дека се чувствува добро, само што го „гребе“ грлото.

Вашингтон, 14 март 2022 (МИА) - Поранешниот американски претседател, Барак Обама, е позитивен на тест за Ковид-19.
Информацијата во текот на вчерашниот ден ја потврди самиот Обама на Твитер, додавајќи, дека се чувствува добро, само што го „гребе“ грлото.
„Јас и Мишел сме благодарни што се вакциниравме и што го зајакнавме нашиот имунитет, нејзиниот тест беше негативен“, појасни Обама. бд/сд/