• понеделник, 23 декември 2024

Обама: Некои од акциите на Израел во Газа би можеле да имаат контраефект

Обама: Некои од акциите на Израел во Газа би можеле да имаат контраефект

Вашингтон, 24 октомври 2023 (МИА) - Поранешниот американски претседател Барак Обама предупреди дека некои од акциите на Израел во војната против Хамас, како што е прекинот на снабдувањето со храна и вода за Појасот Газа, може да ги „закорават Палестинците со генерации“ и да ја ослабат меѓународната поддршка за Израел.

-Секоја израелска воена стратегија што ги игнорира човечките жртви „може да заврши со контраефект“, изјави вчера Обама.

Во ретките коментари за актуелната надворешно-политичка криза, Обама кажа дека секоја израелска воена стратегија што ја игнорира човечката цена на војната „на крајот би можела да му се врати на Израел“.

-Одлуката на израелската Влада да ја прекине храната, водата и електричната енергија за заробените цивили во Газа не само што се заканува да ја влоши растечката хуманитарна криза, туку може дополнително да ги зацврсти ставовите на Палестинците за следните генерации, да ја намали глобалната поддршка за Израел, да им користи на непријателите на Израел и ги поткопуваат долгорочните напори за постигнување мир и стабилност во регионот“, рече Обама.

Израел жестоко ја бомбардира Газа по нападот на палестинската милитантна група Хамас врз Израел на 7 октомври кога загинаа повеќе од 1.400 лица. Во израелските воздушни напади досега се загинати над 5.000 Палестинци, наведуваат официјални лица од Газа.

Обама го осуди нападот на Хамас и ја повтори својата поддршка за правото на Израел да се брани, истовремено предупредувајќи на опасностите за цивилите во таквите војни.

Не е јасно дали Обама ја координирал својата изјава со американскиот претседател Џо Бајден, кој беше негов потпретседател осум години.

За време на неговиот претседателски мандат, Обама често го поддржуваше правото на Израел на самоодбрана на почетокот на конфликтот со палестинската исламистичка група Хамас во Газа, но брзо го повика Израел на воздржаност по зголемените палестински жртви во воздушните напади.

Појасот Газа, долг 45 километри и дом на 2,3 милиони лица, е под политичка контрола на Хамас, исламистичка група поддржана од Иран од 2007 година, но е под израелска блокада. сд/

Остани поврзан