• петок, 05 декември 2025

Нa граничните премини Богородица и Табановце се чека околу 30 минути

Нa граничните премини Богородица и Табановце се чека околу 30 минути

Скопје, 5 август 2025 (МИА) -  На граничните премини Табановце и Богородица времето на чекање е околу 30 минути. На останатите граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од земјава, соопшти Авто мото сојузот на Македонија.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. дма/вј/

Фото:МИА архива

Остани поврзан