Нурс повеќе не е тренер на Торонто
- Ник Нурс повеќе не е тренер на нба-лигашот Торонто репторс.

Торонто, 22 април 2023 (МИА) – Ник Нурс повеќе не е тренер на нба-лигашот Торонто репторс.
Нурс ја напушти функцијата на која беше од 2018 година.
Педесет и петгодишниот Американец беше прогласен за најдобар тренер во регуларниот дел од сезоната во сезоната 2019/20.
Оваа сезона Торонто заврши на 9. место во Источната конференција со скор 41:41. Во фазата на плејин, тимот загуби од Чикаго и не се пласира во разигрувањето за трофејот. зс/
Фото: ЕПА