• понеделник, 23 декември 2024

Нуредини: Поголема енергетска независност и насочување на инвестициите во обновливите извори на енергија

Нуредини: Поголема енергетска независност и насочување на инвестициите во обновливите извори на енергија
Скопје, 10 ноември 2022 (МИА) - На маргините на климатскиот самит, COP27 министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини оствари средба со помошникот државен секретар на САД за енергетски ресурси Џефри Пјат, директорката на американската EXIM банка Рета Џо Луис и министерот за енергетика на Романија Вирџил Даниел Попеску. На средбата, како што информираат од МЖСПП, се разговарало за актуелните регионални енергетски прашања, за плановите за воспоставување регионален пристап и постигнување на поголема енергетска независност. Во таа насока била нагласена потребата од паралелно поддржување и насочување на инвестициите во обновливите извори на енергија. На средбата романскиот министерот Попеску информирал за проектот за малиот Модуларен нуклеарен реактор што се гради во Романија. дма/са/

Остани поврзан