• сабота, 23 ноември 2024

Нуланд: Путин годинава го очекуваат изненадувања на бојното поле

Нуланд: Путин годинава го очекуваат изненадувања на бојното поле

Киев, 1  февруари 2024 (МИА) -  Американската заменик државна секретарка за политички прашања, Викторија Нуланд, изјави дека е инспирирана од решителноста на Украина и дека е уверена дека рускиот диктатор Владимир Путин оваа 2024 година ќе го чекаат „пријатни изненадувања“ на бојното поле, објави Укринформ.

-Морам да кажам дека го напуштам Киев со поголема надеж за единството и решителноста во 2024 година, како и за неговата апсолутна стратешка важност за Украина. Заминувам поуверена, дека токму во моментот, кога Украина ја зацврстува својата одбрана Путин ќе добие некои пријатни изненадувања на бојното поле и дека Украина годинава ќе постигне многу сериозни успеси, рече Нуланд на брифинг во Киев.

Таа додаде дека САД продолжуваат да и обезбедуваат на Украина нови системи за оружје кои веќе се на пат кон фронтот.

Нуланд во Киев се сретна со шефот на кабинетот на украинскиот претседател, Андриј Јермак. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан