• среда, 16 јули 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

НСП: Пандов не ја објавува реалната состојба, туку прави шоу за граѓаните со цел омаловажување и дискредитирање на колегите

НСП: Пандов не ја објавува реалната состојба, туку прави шоу за граѓаните со цел омаловажување и дискредитирање на колегите

Скопје, 11 април 2025 (МИА) -  Директорот на Управата за извршување на санкции Александар Пандов на прес-конференцијата во врска со настаните од КПД Штип не ја објавува реалната состојба, туку прави шоу за граѓаните со цел омаловажување и дискредитирање на колегите, истакнуваа денеска во пишана реакција од Независниот синдикат на полицијата.

 - Сметаме дека секој настан треба да биде истражен професионално и со должно внимание и да се избегнува јавна осуда пред да биде завршена постапката, а до нас доаѓаат информации од колегите дека изнесените ставови на директорот во целост не соодветствуваат со истрагата и евидентираните преземени мерки во дневниот извештај, се наведува во реакцијата.

Независниот синдикат на полицијата бара од директорот и од сите останати функционери кои периодов ја коментираат работата на полицијата во иднина кога објавуваат или коментираат работа на полициските службеници тоа да го прават со внимание по завршувањето на постапките во целост. 

Претходно реагираше и  Синдикалната организација на УПОЗ при КПУ Затвор Штип од каде пораќаа дека нема простор за сомнеж за постапувањето на затворските полицајци. 

Директорот на Управата за извршување на санкциите  Александар Пандов завчера на прес-конференција соопшти дека Управата за извршување санкции извршила вонреден инспекциски надзор во КПД Штип, по инцидент во кој затворски полицајци помагаат на затвореник да пронајде топка со дрога префрлена во дворот на затворот и истакна дека сите документи ги поднеле со кривична пријава во Обвинителство.

Од настанот во КПД Штип, како што информираше Пандов, на заедничка прес-конференција со директорот на КПД Штип Дејан Здравев и неговиот заменик Ѓорѓи Хубев, има и видео запис направен од видео надзорот во затворот. 

Како што појасни Пандов, пред Затвор Штип на 20 февруари во 21:40 часот доаѓа возило, кое ја поминувата првата и доаѓа на втората капија, каде затворскиот полицаец во дежурана не го запишува, иако е должен тоа да го направи. Од возилото излегува лице кое што доаѓа до ѕидот на самиот затвори и преку ѕидот префрла топка, додека внатре се појавува затвореник со иницијали Ж.Ж, кој разговара на телефон и уште еден со иницијали Р.К. и бараат нешто во тревникот.  Потоа, посочи Пандов, доаѓа затворски полицаец кој им вели дека треба да се вртат и да се оддалечат. 

- По наредба на командирот, кој што во тој момент е на смена Т.И. се повикани уште четворица затворски полицајци. Затвореникот и понатаму говори на телефони и бара нешто низ тревникот. Се поздравува со сите тие затворски полицајци, а да не говорам дека тој не смее да има телефон во рака. И, тоа што е најфрапантно, истите тие затворски полицајци со батериски лампи се вклучуваат во барање на нештото. Не наоѓаат што не наоѓаат, нагасува Пандов.  

Наредниот ден дознава и директорот на затворот и по негова наредба повторно се бара во дворот и се наоѓа топка во кеса, во која се пронајдени 35 грама бела прашкаста материја, веројатно кокаин и 50 грама марихуана. 

-Кога директорот ги прашува командирот и затворската полиција што барале и зошто не реагирале, објаснувањето и во нивната службена белешка е дека им било предочено дека затвореникот Ж.Ж се играл со кучката Цеца, он имал скап часовник за кој им навел дека е барем 1 000 евра, кој мора да потенцирам дека го нема пријавено дека е донесен во Затвор Штип, дека му го има земено кучката Цеца, дека трчала низ тревникот и дека го изгубила. Па, овие, за да му излезат во пресрет го бараат часовникот, појасни Пандов. 

Дрогата, рече Пандов, веднаш е пријавена во СВР Штип, а по наредба на директорот се формира дисциплинска комисија, составена од пет члена, кои ја имаат видео снимката, која одлучува на 28 март годинава дека затворските полицајци не се виновни. 

- Една госпоѓа во ресоцијализација и уште еден затворски полицаец гласаат  дека се виновни и треба да бидат дисциплински казнети, но за жал, полицајците Б.Д., К.П. и З.А. не пронаоѓаат вина и веруваат во тоа дека затворската полиција го барале часовникот што наводно го губи затвореникот Ж.Ж., а кучката Цеца му го има однесено. Притоа мора да потенцирам дека овие затворски полицајци македонската држава, нас како даночни обврзници, не чинат најмалата плата од сите овие затворски полицјаци кои учествуваат во овој дел е 57 илјади денари, а најголемата  е 67 илјади денари, со средно образование. Во затворската полиција има и со високо образование вработени, изјави Пандов.дма/лв/

Фото: Лого

Остани поврзан