• среда, 27 ноември 2024

НП „Шар Планина“: Пожарот над Селце не е локализиран, сè уште се шири

НП „Шар Планина“: Пожарот над Селце не е локализиран, сè уште се шири

Тетово, 14 април 2024 (МИА) - Национален парк „Шар Планина“ информира дека пожарот над село Селце не е локализиран, како што извести МВР и велат дека сè уште се шири. Тие објавија фотографија од состојбата во 18 часот на која се гледа интензивен чад, а ги повикуваат жителите на Селце на помош.

-Пожарот над село Селце не е локализиран, напротив, тој е и проширен. Четири дена гаснење од страна на ренџерската служба на ЈУНП „Шар Планина“ за жал не вродија со плод, иако денес добивме поддршка и од воздухопловните сили на МВР кои исфрлија 7 ведра вода, а на терен излезе и пожарната единица од Тетово, ова е состојбата со пожариштето во 18:00 часот.

Од НП „Шар Планина“ проценуваат дека поради неповолните временски услови состојбата дополнително да се влоши.

-Ги повикуваме жителите на село Селце да излезат и да ги бранат своите имоти. Уште еднаш потсетуваме дека палење оган е неодговорно однесување и без исклучоци резултира со катастрофи. Напорите за локализирање на пожарот продолжуваат, се вели од ЈП НП „Шар Планина“.

Од МВР во 17 часот соопштија дека Одделот за воздухопловни единици на МВР го упатил хеликоптерот М171 од Хеликоптерската единица за посебни намени, при што исфрлени се 20 тони вода,  а пожарот кај Селце е локализиран. ас/мд/

фото: ЈП НП „Шар Планина“ 

Остани поврзан