Нормализиран сообраќајот на патот Куманово - Крива Паланка, кај Страцин
- Сообраќајот на магистралниот пат Куманово - Крива Паланка, кај селото Страцин, кој беше во прекин поради одрон, е нормализиран во двата правца, информира АМСМ.

Скопје, 26 јули 2024 (МИА) - Сообраќајот на магистралниот пат Куманово - Крива Паланка, кај селото Страцин, кој беше во прекин поради одрон, е нормализиран во двата правца, информира АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. мд/бак/
Фото: МИА архива