• понеделник, 23 декември 2024

Нормализирано снабдувањето со вода во Припор

Нормализирано снабдувањето со вода во Припор

Скопје, 1 септември 2024 (МИА) - Саниран е дефектот на улицата „Христо Татарчев“ во населбата Припор со што од 13 часот е нормализирано водоснабдувањето, соопшти јавното претпријатие „Водовод и канализација“. 

Оттаму утрово информираа дека поради дефект на улицата „Христо Татарчев 22а“ без вода од 00:30 часот се корисниците од ул. Христо Татарчев, краците 22, 22а, 23 и зградите со број 91,101,103,105 и 107. бак/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан