Норис: Мислам дека Пјастри ќе се обиде да ми го направи животот пекол
- Возачот на Мекларен, Ландо Норис, е уверен дека неговиот соиграч Оскар Пјастри ќе се обиде да му се одмазди во сезоната 2026.
Лондон, 24 февруари 2026 (МИА) - Возачот на Мекларен, Ландо Норис, е уверен дека неговиот соиграч Оскар Пјастри ќе се обиде да му се одмазди во сезоната 2026.
Минатата година, Норис го освои шампионатот, додека Пјастри заврши трет, останувајќи во конкуренција за титулата до последното Гран При.
- Каков одговор очекувам од Пјастри оваа сезона? Одговор во стилот на Оскар - тој ќе се обиде да се одмазди, обидувајќи се да зборува помалку, а да прави повеќе. Не треба ништо да објаснувам, сите веќе знаат за што е способен Оскар. Тој ќе го демонстрира истото што го покажа и минатата година - дека е неверојатен возач и способен да стане шампион во Формула 1. Мислам дека ќе се обиде да ми го направи животот пекол.
Што се однесува до мојата мотивација, сакам да победувам и само да победувам. Сакам да стојам на највисокото скалило на подиумот. Но, мојата мотивација не се базира само на желбата за успех. Да, сакам да победувам секој пат кога ќе излезам на патеката, но мојата мотивација не се базира само на желбата на крајот да кренам трофеј.
Сигурен сум дека секој возач сака да се искачи на подиумот, да победува и да го слави успехот, но јас сум мотивиран и од работата и желбата да го направам тоа добро. Мојата мотивација е мојот тим, луѓето околу мене, изјави Норис.
Новата сезона во Формула 1 ќе почне со етапата во Австралија од 6 до 8 март. зс/
Фото: ЕПА