• сабота, 23 ноември 2024

Норис: Ако Англија ја победи Германија, Зајдл нема да го заборави ова долго

Норис: Ако Англија ја победи Германија, Зајдл нема да го заборави ова долго
Лондон, 28 јуни 2021 (МИА) - Пилотот на формула 1 тимот Мекларен, Ландо Норис, проговори за непријатната ситуација што може да се појави при гледањето на осминафиналето на Европското фудбалско првенство меѓу репрезентациите на Англија и Германија. Во Мекларен, огромното мнозинство на тимот ќе навива за Англија, но тимскиот шеф Андреас Зајдл е Германец и ќе навива за својата репрезентација. - Имаме многу Британци во нашиот тим. Мислам дека сите ќе ја бодриме Англија. Во исто време, Андреас е голем љубител на фудбалот и фан на германската репрезентација. Во исто време, тој е мојот шеф, така што не знам како да се контролирам, навивајќи за Англија (се смее). Ако нашиот тим победи, Андреас нема да заборави на тоа долго време, па ќе видиме, изјави Норис. Самиот Зајдл рече дека не му пречи тоа што натпреварот ќе го гледа опкружен со колеги кои ќе навиваат за Англија. - Момците во тимот често зборуваат за фудбалот на „WhatsApp“, и воопшто јас со нетрпение го чекам натпреварот. Ние сепак ќе размислиме како заедно ќе го гледаме натпреварот, бидејќи тоа е веќе во вторник. Дефинитивно ќе го облечам дресот на Германија. Да, ќе има многу луѓе во дресови на Англија наоколу, но тоа не ми пречи. Со нетрпение очекувам како Германија ќе се пласира во следната рунда, оптимист е Зајдл. зс/

Остани поврзан