• среда, 25 декември 2024

Нордиски дневни весници пишуваат вести на руски за да се спротивстават на Кремљ

Нордиски дневни весници пишуваат вести на руски за да се спротивстават на Кремљ
Осло, 10 март 2022 (МИА) - Три водечки нордиски весници во четвртокот објавија дека ќе ги преведат своите вести за војната во Украина на руски, во обид да допрат до руската јавност и да се спротивстават на „пропагандата“ на Кремљ. „Нашата цел е да им дадеме на Русите непристрасни и веродостојни вести“, напишаа во заедничка колумна главните уредници на дански „Политикен“, шведски „Дагенс нихетер“ и фински „Хелсингин саномат“. „Руските мајки треба да знаат дека нивните синови се испратени во непознатото, дека невините цивили се убиени и ранети, дека милиони Украинци биле принудени да ја напуштат својата земја и дека на милиони украински деца им било уништено детството“, напишаа во заедничка порака главните уредници. Голем број меѓународни медиуми го прекинаа своето известување во Русија по воведувањето на драконски нови правила со што е незаконски воената акција да се нарекува „инвазија“ или да се шират „лажни“ вести за тоа. Кремљ, исто така, го блокира пристапот до Фејсбук во Русија. аа/

Остани поврзан