• среда, 24 јули 2024

Норвешки велосипедист загина на Трката низ Австрија

Норвешки велосипедист загина на Трката низ Австрија

 

Виена 6 јули 2024 (МИА) – Норвешкиот велосипедист Андре Дреге го загуби животот за време на денешната кралска етапа на трката низ Австрија, јавија локалните медиуми.

Според организаторите, 25-годишникот велосипедист од тимот Coop-Repsol паднал додека се спуштал од највисоката австриска планина Гросглокнер кон Хајлигенблут и им подлегнал на повредите.

Сè уште не се познати деталите за несреќата. Познато е само дека Дреге бил во водечката група, а сè уште не е јасно дали трката ќе продолжи в недела.

Претпоследната етапа ја освои Италијанецот Филипо Гана (Инеос Гренадиерс), но церемонијата на победата беше откажана поради трагичниот настан.

Дреге е првиот велосипедист кој загина на трка по Швајцарецот Џино Медер, кој го загуби животот на „Тур де Свис“ во јуни 2023 година.


Ова не е прва несреќа на трката околу Австрија. Во 1962 година трката остана во сенка на смртта на Антон Фриш, а единаесет години подоцна Австралиецот Греам Хозе се здоби со тешки повреди на главата кога падна додека се спушташе по преминот Арлберг. ег ФОТО: Икс

Остани поврзан