• сабота, 23 ноември 2024

Норвешкиот амбасадор Јорн Јелстад во посета на Охрид

Норвешкиот амбасадор Јорн Јелстад во посета на Охрид
Охрид, 8 мај 2021 (МИА) – Градоначалникот на Охрид Константин Георгиески денеска имаше работна средба со амбасадорот на Кралството Норвешка во С Македонија, со седиште во Белград, Јорн Јелстад кој беше во официјална посета на Охрид. На средбата било разговарано за посветеноста и заложбите на локалната и централната власт во насока на исполнување на препораките на УНЕСКО и имплементација на Планот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот регион. Георгиески го информираше амбасадорот за актуелните активности за уредување на крајбрежјето на Охридското Езеро и за важните инфраструктурни проекти што во моментот ги реализира Општината. На средбата било разговарано и за можностите за продлабочување на соработката помеѓу охридската локална самоуправа и амбасадата на Кралството Норвешка и реализација на заеднички проекти. Во рамки на посетата, придружуван од градоначалникот Георгиески, норвешкиот амбасадор Јелстад посети неколку културни знаменитости во Стариот дел на Охрид и уживаше во езерска пловидба по Охридското Езеро. аб/са/

Остани поврзан