• понеделник, 23 декември 2024

Норвешка ќе купи американски противвоздушни ракети за 362 милиони долари

Норвешка ќе купи американски противвоздушни ракети за 362 милиони долари

Осло, 28 октомври 2024 (МИА) - Норвешка постигна договор со САД за купување на противвоздушни ракети AIM-120C-8 AMRAAM во вредност од околу 362 милиони долари, соопшти норвешката војска.

- Со зголемениот број проектили, норвешките вооружени сили ќе имаат подобра способност да ја заштитат Норвешка од воздушни напади, изјави министерот за одбрана Бјорн Арилд Грам.

Овие ракети се наменети за копнениот систем за противвоздушна одбрана на Норвешка, но може да се користат и како проектили за борбените авиони F-35A.

Норвешка, членка на НАТО која има граница со Русија, почна со зајакнување на одбраната по руската инвазија во Украина. ссм/

фото: Википедија

Остани поврзан