Норвешка по осми пат стана европски ракометен шампион
- Репрезентацијата на Норвешка го освои Европското првенство во ракомет за жени. Норвежанките вечерва во финалето во Хернинг ја совладаа Франција со резултат 22:20 (14:10 полувреме).

Хернинг, 20 декември 2020 (МИА) - Репрезентацијата на Норвешка го освои Европското првенство во ракомет за жени. Норвежанките вечерва во финалето во Хернинг ја совладаа Франција со резултат 22:20 (14:10 полувреме).
Норвешка по осми пат се искачи на европскиот ракометен трон.
Претходно, во дуелот за третото место, репрезентативките на Хрватска ја победија домашната селекција на Данска со 25:19. зс/