• вторник, 24 декември 2024

Норвешка почна истрага за посвојувањето деца од странство, но тоа сепак е дозволено

Норвешка почна истрага за посвојувањето деца од странство, но тоа сепак е дозволено

Осло, 19 јуни 2024 (МИА) - Норвешка ја зајакна контролата врз посвојувањето деца од странство, но ќе ја дозволи таа практика да продолжи додека води истрага за законитоста и етиката на претходните посвојувања, соопшти денеска Владата.

Потегот да се дозволи продолжување на меѓународното посвојување е во спротивност со ставот на највисокото регулаторно тело во Норвешка, Норвешката служба за заштита на децата, владина агенција позната како Буфдир, која во јануари препорача пауза додека се води истрага.

Во декември, Владата формираше независна истражна комисија за да процени дали норвешките власти имаат доволно контрола врз посвојувањата од странство и дали имало незаконски или неетички околности при посвојувањето во Норвешка.

Комисијата се очекува да ја заврши истрагата на крајот на 2025 година. Истрагата беше покрената откако норвешките медиуми ги истакнаа наводните нелегални посвојувања, тврдејќи дека некои деца на Филипините биле продадени и дале лажни изводи од матичната книга на родените. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан