Норвешка од првото место во групата избори полуфинале на Европското првенство за ракометарки
- Ракометарките на Норвешка вечерва во Виена ја победија Германија со 32:27 и го потврдија првото место во Групата 2 на Европското првенство 2024.

Виена, 9 декември 2024 (МИА) - Ракометарките на Норвешка вечерва во Виена ја победија Германија со 32:27 и го потврдија првото место во Групата 2 на Европското првенство 2024.
Норвежанките со максимални осум бодови изборија полуфинале.
Во првиот денешен дуел на ЕП 2024 Швајцарија загуби од Холандија со 29:37.
Вечерва од 20:30 часот ќе се соочат Данска и Словенија.
Полуфиналисти од Групата 1 се Унгарија како првопласирана и Франција од втората позиција.
Вториот полуфиналист од Групата 2 ќе биде познат по завршувањето на вечерашниот натпревар. зс/
Фото: ЕПА