Норвешка доминација на 20 км скијачко трчање во Рукa
- Норвешките скијачи доминираа на денешната трка на 20 км. масовен старт од Светскиот куп во финскиот зимски центар Рука.

Рука, 1 декември 2024 (МИА) – Норвешките скијачи доминираа на денешната трка на 20 км. масовен старт од Светскиот куп во финскиот зимски центар Рука.
Првото место го освои Хералд Естберг Амундсен со време 46 минути и 4 секунди.
Јан Томас Јенсен трката ја заврши на втората позиција со заостанување 0,9 секунди зад победникот, трет беше Мартин, Ниенгет со 1,9 секунди побавно време од Амундсен.
За 26-годишниот Амундсен ова беше шеста победа во Светскиот куп.
Следната трка од Светскиот куп е за пет дена во Лилехамер - 10 км слободен стил индивидуален старт. Во поредокот води Амундсен со 250 бодови, пред Јоханес Клебо кој има 200. зс/
Фото: ЕПА