• вторник, 19 ноември 2024

Норвешка го одложува обновувањето на економијата поради делта сојот

Норвешка го одложува обновувањето на економијата поради делта сојот
Осло, 28 јули 2021 (МИА) - Норвешка вторпат го одложи планираниот завршен чекор за повторно ослободување на економијата од блокадата, поради забрзаното ширење на делта сојот на Ковид-19, соопшти Владата во Осло. Владата во април започна план во четири чекори и постепено ги отстрани повеќето ограничувања поради пандемијата на коронавирусот, а првите три чекори завршија до средината на јуни, пишува Гардијан. Норвешкиот министер за здравство Бент Хајен изјави дека новата проценка ќе биде направена кон средината на август и ќе бидат преземени мерки кои вклучуваат ограничувања на движењето и работата во угостителските објекти. Премиерката Ерна Солберг минатиот месец истакна дека четвртиот чекор може да се случи најдоцна кон крајот на јули или почетокот на август поради делта мутацијата. Според Норвешкиот институт за јавно здравје, околу 80 проценти од возрасните во земјата ја примиле првата доза на вакцина против Ковид-19, а 41 отсто од возрасните се ревакцинирани. Норвешка, која има 5,4 милиони жители, забележа една од најниските стапки на смртност од Ковид-19 во светот, со околу 800 смртни случаи од почетокот на пандемијата на коронавирусот. гт/

Остани поврзан