• петок, 05 декември 2025

Норвежаните ќе го донираат целиот приход од дуелот со Израел на Газа

Норвежаните ќе го донираат целиот приход од дуелот со Израел на Газа

 

Осло, 20 август 2025 (МИА) – Норвешката фудбалска асоцијација денеска соопшти дека целиот приход од претстојниот квалификациски натпревар за Светското првенство против Израел ќе бидат донирани за помош на цивилите во Газа.

Норвешка на 11 октомври ќе го пречека Израел во Осло.

„Ниту ние, ниту другите организации не можеме да останеме рамнодушни кон хуманитарното страдање и непропорционалните напади на кои цивилното население во Газа е изложено долго време“, изјави претседателката на Норвешката фудбалска асоцијација, Лизе Клавенес.

Таа додаде дека приходите ќе бидат донирани на хуманитарна организација која секојдневно спасува животи во Газа и обезбедува итна помош на терен.

Сè уште не е прецизирано колкав приход очекува Норвешка од продажбата на билети, која започнува следната недела.

Израелската фудбалска асоцијација во одговор на одлуката на Норвешката фудбалска асоцијација, ги повика Норвежаните да ги осудат нападите и киднапирањата извршени од Хамас на 7 октомври 2023 година. Тие исто така побараа приходите од натпреварот да не се префрлаат на терористички организации.ег

Остани поврзан