• среда, 27 ноември 2024

Нов сој на коронавирус во Норвешка

Нов сој на коронавирус во Норвешка
Осло, 18 февруари 2021 (МИА) - Нов сој на коронавирус - Б.1.525, што може да биде позаразен од обичниот, е пронајден во Норвешка, објави денеска телевизијата НР. Според Националниот институт за јавно здравје, новиот сој, кој има заеднички карактеристики на британскиот и јужноафриканскиот, е идентификуван во Норвешка во средата. За последните 24 часа во земјата се регистрирани 10 случаи на инфекција со вирусот Б.1.525.

„Засега не е познато дали тој е позаразен, но е сосема можно“, наведува Институтот.

Различни соеви на коронавирус, кои се менуваат со текот на времето, веќе се пронајдени во Норвешка.

Во други земји каде нема искуство со точно дијагностицирање на соеви, може да нема информации дека таква варијанта воопшто циркулира.

Норвешка, како Велика Британија, Данска и Исланд, спроведува внимателна анализа на досега откриените соеви.

Според норвешките експерти, до денеска, секој седми случај на инфекција во Осло е со „британскиот“ сој, кој се шири во другите општини. Досега се регистрирани 700 случаи. Откриени се 42 случаи на „јужноафриканскиот“ сој, а научниците сè уште не знаат дали вакцината може да биде ефикасна против него. паг/

Остани поврзан