• сабота, 23 ноември 2024

Нов Зеланд: Ардерн прогласи победа на изборите

Нов Зеланд: Ардерн прогласи победа на изборите
Велингтон, 17 октомври 2020 (МИА) - Кандидатката за премиер на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн изјави денеска дека го освоила мандатот, а нејзината Лабуристичка партија е победник на изборите. За Ардерн ова ќе биде втор мандат по ред. - Нов Зеланд покажа дека Лабуристичката партија е најпопуларна во претходните 50 години, истакна Ардерн пред своите симпатизери. Таа во своето прво обраќање по изборите нагласи дека гласовите кои и се дадени на неа и партијата нема да бидат залудни. - Немојте да мислите дека вашата поддршка ќе биде залудна. Можам да ви ветам дека ќе бидеме партија која ќе работи во интерес на секој жител на Нов Зеланд, додаде старо-новата премиерка. Ардерн како своја примарна цел го наведе спречувањето на ширењето на коронавирусот. гт/

Остани поврзан