• среда, 24 јули 2024

Нов видиковец во Бунарџик за жителите на Општина Илинден

Нов видиковец во Бунарџик за жителите на Општина Илинден

Скопје, 22 јули 2024 (МИА) - Општина Илинден соопшти дека е изграден нов видиковец од бетон во местото Бунарџик, каде жителите ќе имаат можност за одмор и рекреација. Поставена е урбана опрема - клупи, корпи за отпадоци, просторот e осветлен и хортикултурно ќе се доуредува во наредниот период. 

-Градоначалникот Александар Георгиевски истакна дека Општина Илинден интензивно работи на реализација на нови проекти од повеќе области, со цел разубавување и уредување на просторот, но и создавање квалитетни услови за одмор и рекреација на жителите. Градоначалникот додаде дека со изградбата на видиковецот жителите добија одлично место за посета и рекреација, со поглед кон скопската котлина, информира Општина Илинден.

Во соопштение наведува  дека проектот се реализира заедно со општествено одговорни компании и оти и во наредниот период ќе продолжи со реализација на проекти за уредување простор и поставување  нова урбана опрема, засадување зеленило во сите населени места „со цел разувабување на секој дел од Општината“. хс/дма/

Фото: Општина Илинден

Остани поврзан