• сабота, 14 февруари 2026

Нов американски напад врз брод во Карипско Море, при што загинаа три лица

Нов американски напад врз брод во Карипско Море, при што загинаа три лица

Вашингтон, 14 февруари 2026 – САД извршија нов напад во Карипско Море врз брод за кој се претпоставува дека пренесувал наркотици, при што загинаа три лица.

Јужната команда на САД на платформата Икс објави дека во шестмесечната кампања против илегалната трговија со дрога убиени се најмалку 133 луѓе.

Како дел од војната против наркокартелите, Вашингтон испрати воени сили во Каракас во јануари, кои ги заробија венецуелскиот претседател Николас Мадуро и неговата сопруга. ми/

фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан