• сабота, 23 ноември 2024

Ново рочиште за „Тортура“

Ново рочиште за „Тортура“
Скопје, 12 март 2021 (МИА) - Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска треба да продолжи судењето за случајот „Тортура“. Судењето се наоѓа во доказна постапка и на минатото рочиште исказ даваа дел од обвинетите. Случајот „Тортура“ го води судијката Александра Ристеска, додека обвинението го застапува јавниот обвинител Љубомир Лапе. Прв обвинет во овој случај е поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, кој во обвинението поднесено од поранешното СЈО е осомничен за кривично дело „мачење и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување“ од член 142 став 1 в.в. со член 23 од КЗ. За истото кривично дело се осомничени и шест поранешни припадници на единицата „Алфа“. аа/са/

Тагови

Остани поврзан