• петок, 05 декември 2025

Ново примирје постигнато меѓу Друзите и сириската влада

Ново примирје постигнато меѓу Друзите и сириската влада

Дамаск, 16 јули 2025 (МИА) - Религиозниот водач на Друзите, шеикот Јусеф Џарбу, денеска изјави дека Друзите во Сирија постигнале договор за примирје со сириската влада во Свеида, кој стапува на сила веднаш, објави Ал Џезира.

Тој рече дека патиштата во областа ќе бидат обезбедени од државните сили, дека државните институции во Свеида ќе продолжат да работат и дека ќе се формира заеднички комитет меѓу Друзите и владата во Дамаск за да се истражат „злосторствата и прекршувањата на законот“ што неодамна се случија во регионот.

Џарбу додаде дека сите уапсени за време на немирите во Свеида ќе бидат ослободени, објави „Тајмс оф Израел“.

Ова е четврто примирје во Свеида од неделата, а сите претходни се прекршени многу брзо откако беа постигнати. Досега, 300 луѓе се убиени во судирите во јужна Сирија, според Би-Би-Си.

Израелските сили претходно денеска нападнаа неколку локации во Дамаск, вклучувајќи го Министерството за одбрана и областа околу претседателската палата, а сириските медиуми објавија дека најмалку едно лице е убиено, а 28 се повредени. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан