• сабота, 23 ноември 2024

Ново истражување покажува дека загадениот воздух може да предизвика аутизам

Ново истражување покажува дека загадениот воздух може да предизвика аутизам

Ерусалим, 14 ноември 2024 (МИА) - Една нова студија на израелски научници покажа дека загадувањето на воздухот, особено она предизвикано од издувните гасови од автомобилите и генерирано од големите фабрики, може да влијае на значително зголемување на стапката на аутизам кај децата, а изложеноста на мајката на загадување за време на бременоста исто така придонесува за ова. 

-Откритието дека помалите честички, особено ситните честички - ПМ2.5, како и азотниот оксид, кои се создаваат при согорувањето на горивото, успеваат да стигнат до плацентата за време на бременоста преку организмот на мајката и да влијаат на развојот на мозокот на фетусот, тврдат научниците чија работа на таа тема беше објавена во медицинското списание „Brain Medicine“ во ноември.

Изложеноста на трудниците на загаден воздух негативно влијае на имунолошкиот систем на мајката, а бремените жени и децата се особено опасност во регионите со екстремно високо загадување на воздухот, велат научниците и апелираат да се преземат соодветни мерки за заштита на трудниците од оваа опасност.

-Различни видови на невролошки нарушувања, вклучително и нарушување на аутистичниот спектар, може да се поврзат со овој фактор на загадување на животната средина, вели главниот автор на студијата, Хајтам Амал од Хебрејскиот универзитет во Ерусалим.

„Се чини дека времето на изложеност на азотен оксид е клучно, бидејќи изложеноста на споменатите загадувачи во текот на бременоста и во раниот постнатален развој на детето претставува значителен ризик за развој на аутистични нарушувања (АСН), со оглед на тоа што е клучен дел од невроразвојниот процес“, објасни Амал, додавајќи дека лицата со генетска предиспозиција за АСН може да бидат уште почувствителни на негативните ефекти од изложеноста на азотен оксид.

Студијата опфати и други загадувачи на воздухот за кои е откриено дека го зголемуваат ризикот од можен развој на аутизам. Авторите на студијата предупредуваат дека еден од нив е бензенот, кој се наоѓа во издувните гасови од возилата. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан