• петок, 26 јули 2024

Ново возило донирано на гевгелиската Општа болница

Ново возило донирано на гевгелиската Општа болница
Гевгелија, 11 јули 2022 (МИА) - Фондацијата „Борјан Петковски“ од Гевгелија, во чест и сеќавање на прерано починатиот син на семејството Петковски, на Општата болница со проширена дејност и донираше ново возило со кое значително се збогати возниот парк. Клучевите од возилото на надлежните лица во болницата им ги предадоа двајцата браќа на Борјан, кои истакнаа дека нивниот брат многу ја сакал медицината, на која бил одличен студент, и изразија надеж дека возилото ќе придонесе во навремено извршување на секојдневните задачи на болницата и дека ќе им биде од општа корист на сите граѓани на општина Гевгелија. Благодарност за хуманиот гест и вредната донација од фондацијата „Борјан Петковски“ упати директорот Митко Крџев кој истакна дека донацијата, покрај тоа што ќе биде од корист, засекогаш ќе го чува и споменот за прерано починатиот млад сограѓанин Борјан. им/дма/

Остани поврзан