• вторник, 24 декември 2024

„Новогодишна сказна“- инклузивна сликовница за лица со оштетен вид

„Новогодишна сказна“- инклузивна сликовница за лица со оштетен вид
Скопје, 13 февруари 2021 (МИА) - Во издание на Здружението „Свет на Различни а Еднакви“ – Скопје е објавена инклузивна сликовница за лица со оштетен вид „Новогодишна сказна“ од Гордана Симоновска Момироска, поетеса за деца и млади и истакнат хуманист. Сликовницата е објавена на македонски и албански јазик. Препевот на стиховите од македонски на албански јазик е на поетесата Пунторие Муча Зиба, а Брајовото писмо на Тони Пајдаков, секретар на Здружението за слепи лица во Велес. Рецензент на проектот е писателот Горјан Петревски, а јазичната редакција на универзитетската професорка Гордана Алексова. - Ова издание претставува прва инклузивна сликовница, во вистинска смисла на зборот – ќе наведе, меѓу другото, Тони Пајдаков. – Пристапна е за општата популација, а истовремено и за слепите лица, притоа без да се наруши нејзиниот формат. Авторот, од идеја до реализација, заслужува висока почит, информираат од Здружението „Свет на Различни а Еднакви“ – Скопје. Илустрации сликовницата се на младиот илустратор Наско Џорлев. „Новогодишна сказна“ е отпечатена во „Европа 92“ - Кочани на видно писмо и во Сојузот на слепи лица -Велес на брајово писмо. Таа е првенче на проектот „Правото да читаш не е посебна потреба“ во чии рамки Здружението ќе продолжи да издава и други инклузивни изданија со материјална поддршка од општествено одговорни институции, фирми и донатори.фф/скс/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан