• вторник, 24 декември 2024

Новогодишен караван во Кисела Вода

Новогодишен караван во Кисела Вода

Скопје, 30 декември 2023

Бескрајна среќа на лицата на илјадници дечиња се читаше вчера во паркот во Расадник. Новогодишниот караван кој во изминатите денови патуваше низ сите населби и населени места во општина Кисела Вода, пристигна на својата финална дестинација. Дедо Мраз во кочија придружуван од распеан детски оркестар се придружи на големиот број на музичките ѕвезди и изведувачи. Големиот хепенинг организиран од Општина Кисела Вода, започна со детска претстава на децата од градинките од општината, продолжи со концерт на „Поточиња“. Потоа на сцена се појавија Сара Мејс заедно со „Данса Латина Стефи“. а на крај настапија и Пајак и Лара.

Сите 3000 присутни дечиња потоа добија бесплатни пакетчиња.

Сценографијата на настанот беше дополнета со штандови на кои се продаваа новогодишни изработки. Средствата од продажбата се наменети во хуманитарни цели за лекување на младиот Леонид Индов кој настрада во несреќен случај.

Општина Кисела Вода на сите свои жители и ја честита Новата 2024 година со желби за многу дравје, среќа и успех!

Општина Кисела Вода

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови+ ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан