• среда, 27 ноември 2024

Новогодишен караван во Кисела Вода, поделени 3000 пакетчиња

Новогодишен караван во Кисела Вода, поделени 3000 пакетчиња

Скопје, 29 делември 2023 (МИА) - Новогодишниот караван кој во изминатите денови патуваше низ сите населби и населени места во Општина Кисела Вода, денеска пристигна на својата финална дестинација што донесе бескрајна среќа на лицата на илјадници дечиња во паркот во Расадник. 

Како што наведуваат од Општината, Дедо Мраз во кочија придружуван од распеан детски оркестар се придружи на големиот број музичките ѕвезди и изведувачи.

-Големиот хепенинг организиран од Општина Кисела Вода, започна со претстава на децата од градинките од општината, продолжи со концерт на „Поточиња“. Потоа на сцена се појавија Сара Мејс заедно со „Данса Латина Стефи“, а на крај настапија и Пајак и Лара. Сите 3000 присутни дечиња потоа добија бесплатни пакетчиња. Сценографијата на настанот беше дополнета со штандови на кои се продаваа новогодишни изработки. Средствата од продажбата се наменети во хуманитарни цели за лекување на младиот Леонид Индов кој настрада во несреќен случај, наведуваат од Општината.

На сите свои жители Општина Кисела Вода им ја честита Новата 2024 година со желби за многу дравје, среќа и успех, посочуваат од скопската општина. вг/лв/

Фото: Општина Кисела Вода

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан