Нови 561 случаи на заболени од Ковид, починати 22 пациенти, најмладиот на 35 години
- Во последните 24 часа регистрирани се нови 561 случаи на заболени од Ковид -19 од направени 1.901 тестирање. Министерството за здравство вечерва информира дека починати се 22 пациенти меѓу ко
Скопје, 25 октомври 2020 (МИА) - Во последните 24 часа регистрирани се нови 561 случаи на заболени од Ковид -19 од направени 1.901 тестирање. Министерството за здравство вечерва информира дека починати се 22 пациенти меѓу кои најмладиот е на 35-годишна возраст, а најстариот на 81-годишна возраст. Оздравени се 197 пациенти.
Од Скопје се починати седум пациенти, (55, 78, 71, 35, 66, 71 и 64г), еден е од Куманово (57г), двајца пациенти од Дебар (58 и 64г), еден од Прилеп (61г), еден од Струга (75г), двајца од Велес (61 и 64г ), двајца од Битола (74 и 70г), двајца од Гостивар (79 и 76г), двајца од Крива Паланка (56 и 88г), еден од Кочани (60г) и еден пациент од Делчево (81г).
Двајца од пациентите се починати вон болнички услови, а сите останати во болница.
Повеќе од половина од новозаразените се во Скопје - 271 по што следуваат Прилеп со 33, Струмица со 32, Куманово со 29, Тетово со 26, Велес со 20, Штип со 19, Кавадарци со 18, Битола со 17, Гевгелија до 15, Кочани со 12, Охрид со 11 и Гостивар со 10. Во останатите градови се евидентирани едноцифрен број на новозаболени.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 26.954, бројката на оздравени е 18.627, а на починати 919. Во моментот, бројот на активни случаи изнесува 7408. Најголем број на активни случаи има во Скопје 3562.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 17 пациенти. На оваа клиника има вкупно 137 хоспитализирани пациенти. На кислородна поддршка се 97 пациенти и нема пациенти на механичка вентилација.
Во болницата во Козле хоспитализирани се 6 деца и 8 позитивни мајки, 3 деца и 1 мајка суспектни на ковид-19.
Во ГОБ „8 Септември“ има 6 приеми, а вкупно хоспитализирани се 49 пациенти. На респиратор е еден пациент.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 57, а во болницата во Штип се 54 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани, Гевгелија и Кавадарци се хоспитализирани 281 позитивни и сомнителни на Ковид-19. бак/