• вторник, 24 декември 2024

Нови 5500 семејства корисници на социјална помош

Нови 5500 семејства корисници на социјална помош
Скопје, 23 февруари 2021 (МИА) - За околу 5.500 семејства се зголемила бројката на корисници на гарантиран минимален доход или таканаречена социјална помош од почетокот на пандемијата до крајот на минатата година. -Гарантираниот минимален приход претставува облик на подддшка и финансиска помош што ја добиваат семејствата во социјален ризик. Пред почетокот на пандемијата 27 илјади домаќинства беа во системот на приматели на гарантирана минимална помош, но, со оглед на тоа што пандемијата предизвика не само здравствена, туку и економска криза кај нас и во светот ние се погриживме со носење законски решенија да го олесниме пристапот до оваа помош преку спуштање на критериумите за влез во системот за социјална заштита, изјави министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска одговарајќи на новинарско прашање по потпишување договори за грант со општини за развој на социјални услуги. Согласно податоците од декемвриската исплата, појасни Шахпаска, 32 500 семејства биле во системот на приматели на гарантирана минисмална помош, а тоа, како што рече, се дополнителни 5500 семејства кои влегле во овој систем од почетокот на пандемијата. Ова, нагласи таа, се должи не само на влошување на состојбите, туку и на олеснување на критериумите за влез на семејствата, затоа што, како што истакна, Владата е свесна колку  се неопходни овие средства за семејствата полесно да ја надминат кризата. сст/лв/  

Остани поврзан