• петок, 22 ноември 2024

Нови 1.554 случаи на Ковид-19, починати 34 лица

Нови 1.554 случаи на Ковид-19, починати 34 лица
Скопје, 9 февруари 2022 (МИА) - Во последните 24 часа регистрирани се 1.554 нови случаи на Ковид-19, од кои 216 се реинфекции. Истовремено, оздравени се 1.843 пациенти и пријавени се 34 починати лица, информираше Министерството за здравство. Повеќе од половина од новозаразените се во Скопје – 825. Во Тетово се регистрирани 82 нови случаи, во Куманово 70, Кавадарци 62, Битола 59, Велес 51, Прилеп 49, Гостивар 44, Струмица 33, Охрид и Гевгелија по 32, Неготино 30, Кочани 21, Штип и Кичево по 20, Струга 16, Свети Николе 15, Ресен 12, Берово и Валандово по 10, Радовиш 9, Крива Паланка и Делчево по 8, Виница 7, Кратово 6, Богданци и Демир Капија по 5, Дебар 4 и во Пробиштип, Крушево и Македонски Брод по два нови слуачи. Најмалку нови случаи има во Демир Хисар, Македонска Каменица и Пехчево Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 22 починати лица, а според регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој термин“ пријавени се дополнително уште 12 лица во периодот од 31 јануари до 6 февруари. Од вкупно починатите 34 лица, 18 се целосно вакцинирани, а кај 33 лица се регистрирани коморбидитети. Од 22 починати во изминатото деноноќие, 12 се од Скопје (62г, 71г, 73г,75г, 75г, 75г, 81г, 81г, 86г, 88г, 88г и 92г), и по две починати лица има од Битола (54г и 80г) и Струга (76г и 84г) По едно починато лице има од Струмица (66г), Штип (67г), Прилеп (73г), Охрид (81г), Свети Николе (84г) и Демир Капија (86г). Пријавените лица се починати во период од 31.01.2021 - 06.02.2022г. Досега во земјата направени се вкупно 1.830.764 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 282.147. Бројот на оздравени пациенти е 261.741, а на починати 8.658. Бројот на активни случаи изнесува 11.748. аа/бак/  

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан