Нови услуги во делчевскиот здравствен дом „Гоце Делчев“
- Во делчевскиот здравствен дом „Гоце Делчев“ со решение повторно е донесена одлука да почне со работа комисија за полагање стручни испити на здравствените работници. Информацијата за МИА ја потврди директорката на установата, Билјана Георгиевска која рече дека комисијата веќе функционира и апелираше до заинтересираните да се пријават навреме.

Делчево, 17 февруари 2025 (МИА) - Во делчевскиот здравствен дом „Гоце Делчев“ со решение повторно е донесена одлука да почне со работа комисија за полагање стручни испити на здравствените работници. Информацијата за МИА ја потврди директорката на установата, Билјана Георгиевска која рече дека комисијата веќе функционира и апелираше до заинтересираните да се пријават навреме.
-По подолг период повторно добивме решение за формирање комисии за полагање стручни испити на здравствени работниции тоа со завршено средно вишо и високо образование. Комисијата веќе започна со работа и ги поканува сите заинтересирани кои можат да се пријават да го сторат тоа што поскоро, информираше Георгиевска.
Здравствениот дом во изминатиот период како што додаде директорката работеше и на воведување нови услуги согласно потребите на пациентите.
-Веќе склучивме договор и во нашиот град доаѓа кардиолог и невролог. Планирано е доаѓање и на дерматовенеролог, а сдодека ги чекаме нашите специјализанти да се вратат, преговараме и за доаѓање на пулмолог, додава Георгиевска.
Со проект преку донација установата како што напомена таа има набавено и седум нови апарати кои се веќе ставени во употреба во кабинетото по офтамологија, каде лекар веќе работи со пациентите.
-Кога сме кај набавката на опремата, нбавивме и ЕКГ 12 канално, а започнавме со опремување и на кабинетот по интерна медицина, за кој се очекува набавка на нова опрема која же ги подобри услугите на граѓаните, посочи Георгиевска.
За директорката сепак најважно е што во установата преку горенаведената комисија ќе може да се полагаат стручни испити за медицински работници на повеќе позиции, меѓу кои медицинска сестра, виша медицинска сестра, дипломирана медицинска сестра, стоматолошка сестра и радиографер (радиолошки технолог).
За горенаведените услуги за кои граѓаните порано мораа да патуваат во медицинските центри надвор од Делчево апелираше пациентите да се пријават за добивање упат кај своите матични лекари. вс/
Фото: МИА