• среда, 27 ноември 2024

Нови сообраќајни знаци,опрема и воведување „Зона 30“ во населби во Делчево

Нови сообраќајни знаци,опрема и воведување „Зона 30“ во населби во Делчево

Делчево, 13 јануари 2023 (МИА) – Во Делчево во тек е поставување собраќајна сигнализација на новоизградените улици и патишта, како и на пофреквентните улици во градот. Новина е воведувањето зони, каде задолжителна брзина на движење на возилата се ограничува на 30 км/ч, а ќе се однесува во делови од населби, каде вообичаено има поголема фреквенција на возила и пешаци.

– Со оваа активност е планирано да се постават 290 сообраќајни знаци и опрема во Делчево. Сообраќајна сигнализација се поставува на улиците „Орце Николов“, „Скопска“, „Острец“ , „Вера Јоциќ“, „Маршал Тито“ и локалниот пат Делчево – Тработивиште, улиците „3“и „4“ кои водат до новиот градски пазар, информираа од Општината.

Со поставувањето на сообраќајните знаци и опрема, како што додадоа, се имплементираат утврдените режими на сообраќај на улиците во градот Делчево, но и на локалниот пат Л-1 Делчево – Тработивиште.

Целта е да се изврши навремено известување на сите учесници во сообраќајот за режимот под кој се одвива сообраќајот, а со тоа и ќе се зголеми безбедностa во сообраќајот на предметната улица и нивото на услуга на сите учесници во сообраќајот.

– Сообраќајната сигнализација на улиците „Орце Николов“ и „Скопска“, „Острец“ и Делчево – Тработивиште е финанасирана во рамки на проектот за подобрување на локалните патишта преку Министртво за транспорт и врски при што планирано е да бидат поставени околу 115 знаци и опрема (сообраќајно огледало и заштитна ограда), додадоа од Општината.

На улиците „Вера Јоциќ“, „Маршал Тито“ и Улица „3“ и „4“, посочија, е планирано да бидат поставени околу 175 знаци, обезбедени со финанасирање преку Буџетот на Општина Делчево. вс/цр

Остани поврзан