• понеделник, 23 декември 2024

Нови проширани санкции на САД за лица и ентитети кои помагаат Русија да ги избегнува постоечките санкции 

Нови проширани санкции на САД за лица и ентитети кои помагаат Русија да ги избегнува постоечките санкции 

Вашингтон, 12 април 2023 (МИА) - Стејт департментот и Министерството за финансии на САД денеска објавија воведување нови ограничувачки мерки против физички и правни лица кои помагаат на Русија да ги избегнуве постоечките санкции, а поврзано со војната во Украина. 

Во новиот список се вклучени 120 правни и физички лица од 20 земји. 

Во изјавата на државниот секретар Ентони Блинкен се истакнува дека мерките, применувани во координација со Велика Британија, имаат за цел да се спречи мрежата за избегнување на санкции на Алишер Усманов, еден од најбогатите руски олигарси кои веќе е под американски санкции. 

Преку холдингот на Усманов, USM Holding, со кој тој контролира мнозинство од своите компнаии, под санкции сега е и мобилниот оператор „Мегафон“. 

-Вклучувањето на „Мегафон“ (во списокот санкции), еден од најголмеите телекомуникациски оператори во Русија, е за одбележување бидејќи западни санкции досега не биле воведени против руската телекомуникациска инфраструктура, се вели во соопштението на Стејт департментот. 

Во списокот се внесени и низа физички лица, државјани на Кипар и кипарски компании кои помагаат на Усманов да ги избегне санкциите. 

Санкционирани се и две руски организации кои според Блинкнен, го подриваат суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина со милитаризација и идеолошка обработка на ученици, детското младинско воено-патриотско здружение „Јунармија“ и државната образовна организација од Крим „Патриотски центар“. 

Санкции се воведнеи и против лица поврзани со руската атомска агенција „Росатом“. Во списокот се и странски компании од Кина, Турција, ОАЕ кои помагаат на Русија во нејзината војна против Украина. 

Во посебенниот санкциски список на Одделот за контрола на странски капитал при Министерството за финансии (ОФАК) се 25 физички и 29 правни лица од 20 земји. кб/ ссм/

фото: МИА архива

Остани поврзан