Нови простории за две општински установи во кампусот на УЈИЕ во Тетово
- На Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ) во Тетово адаптирани се простории во кои во иднина ќе функционираат две општинските тела - канцеларијата за локален еконономски развој (ЛЕР) и Ја

Тетово, 11 март 2022 (МИА) - На Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ) во Тетово адаптирани се простории во кои во иднина ќе функционираат две општинските тела - канцеларијата за локален еконономски развој (ЛЕР) и Јавното претријатие за превоз на патници „Тетово транспорт“.
Академскиот кадар на УЈИЕ ќе дава поддршка и менторирање на вработените во општинската администрација во насока на изнаоѓање на фондови и проекти во насока за потребите на локалната самоуправа.
- Благодарение на одличната соработка, денеска во просториите на Универзитетот на Југоисточна Европа свечено ги отворивме новите канцеларии на секторот за Локален Економски Развој и ЈП „Тетово Транспорт“. Отворањето нови простории беше и едно од моите изборни ветувања. На граѓаните ќе им бидат овозможени ефикасни и вистински услуги, истовремено создавајќи нови работни простории за над 30 вработени, порача градоначалникот Биљал Касами.
Канцелариите на ЛЕР и ЈП „Тетова Транспорт“ - Тетово се ноаѓат во објектот број 701 на УЈИЕ. ас/мс/