Нови детски игралишта во Кавадарци
- Нови детски игралишта доби Кавадарци, информираа денеска од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев.

Кавадарци, 9 јануари 2023 (МИА) - Нови детски игралишта доби Кавадарци, информираа денеска од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев.
- Целосно е завршено детското игралиште на булеварот „Никола Минчев“, кај фонтаната на виното, на кое беше поставена гумена подлога, се монтираа нови и репарираа стари детски реквизити, нова урбана опрема и заштитни огради, соопштија од кабинетот на Јанчев.
Оттаму додадоа дека комплетно е завршено и детското игралиште на булеварот „Вељко Влаховиќ“, на кое беа поставени нова гумена подлога, нови детски реквизити, нова урбана опрема, се репарираа постоечките, а игралиштето беше и оградено.
Изведувач на работите е „Градба промет“. свд/бд/