• сабота, 28 декември 2024

Новите цени и плати дополнителен стимул за работа во такси-превозот во Кичево

Новите цени и плати дополнителен стимул за работа во такси-превозот во Кичево

Кичево 4 февруари 2022 ( МИА) - Промената на цените на такси превозот во Кичево после две цели децении и зголемените приходи такси компаниите очекуваат да го поттикнат интересот на младите за работа како таксисти.

-Помеѓу многуте проблеми со кои се соочувавме изминативе две децении е и намалениот интерес за вработување на младите како таксисти, бидејќи платата што ја добиваа не беше стимулативна и затоа интересот од година во година беше се помал и помал, со што се ограничуваше и обемот на работа во нашите компании, вели Драган Спироски, потпредседател на Здружението на авто такси превозници.

Тој решавањето на проблемот го гледа во промената на цените која ќе генерира зголемен интерес за работа и поголема профитабилност на компаниите.

-Во досегашниот период главниот проблем беа ниските цени на услугите кои не беа променети цели дваесет години, а новите тарифи очекуваме состојбите од корен да ги променат.Така според новиот тарифник цените на услугите ќе се зголемат на 50 денари старт и дополнителни 30 денари за секој изминат километар. Намалувањето, пак, на бројот на „диви“ и нерегистрирани таксисти очекуваме да се реши со вработувањето на новиот сообраќаен инспектор, што ќе придонесе да се зголеми работата и на долг рок, а тоа ќе ни овозможи и подновување на возниот парк којшто е исклучително стар, додаде Спироски.

Тој појасни дека и пандемијата оставила длабоки траги во нормалното фунционирање на такси превозот. Очекува наредниот период да стивне епидемијата и граѓаните да се вратат на нормалното живеење како пред три години и тоа да даде нов импулс во работењето на такси превозниците. за/вг/

Остани поврзан