• среда, 11 декември 2024

Новиот „крик“ на архитектурата во соседството

Новиот „крик“ на архитектурата во соседството

Софија, 11 декември 2024 (МИА) - Балканот, според многумина, е „татковината“ на дивоградбите и веќе никој од ова поднебје не се изненадува, на пр., од надградени тераси коишто се среќаваат скоро на секој чекор, пишува порталот „Крстарица“.

Во таа смисла, се посочува новото такво „архитектонско чудо“ - своевиден „пентхаус“, поточно стан којшто некако „виси“ до врвот од зграда, снимен во соседна Бугарија.

Според познавачите, покрај очигледните естетски пропусти, тука се истакнуваат и опасностите од проблемите со носивоста на тенките потпорни столбови, коишто, се чини како да ќе пукнат штом задува малку посилен ветер.  си/

Фото: „Х“ објава, фотоисечок

Остани поврзан