Новиот дел од Дизниленд во Токио ќе биде отворен на 28 септември
- Новиот дел од забавниот парк „Дизниленд“ во Токио, инспириран од филмот „Убавицата и ѕверот“, ќе биде отворен на 28 септември, по неколкумесечно доцнење предизвикано од пандемијата на коронав

Токио, 1`7 септември 2020 (МИА) - Новиот дел од забавниот парк „Дизниленд“ во Токио, инспириран од филмот „Убавицата и ѕверот“, ќе биде отворен на 28 септември, по неколкумесечно доцнење предизвикано од пандемијата на коронавирусот.
Од истата причина, компанијата што управува со паркот соопшти дека епидемиските мерки, вклучително и ограничување на бројот на посетители, ќе останат на сила во догледно време, јави агенцијата Кјодо.
Новиот дел од паркот зафаќа површина од околу 4,7 хектари, а неговата изградба започна пред три години. паг/